ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА СИЛУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИЧКА ВО ГОСТИВАР Се товари со две кривични дела
Според соопштението, осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави, ако не излезе со него.
Обвинителство од Гостивар побара притвор за скопјанец осомничен за силување девојче во Гостивар.
Обвинителството го сомничи по два основа: дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, и за Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.
Според соопштението, осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави, ако не излезе со него.
„Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години. Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години“, се наведува во соопштението.
Обвинителството поведе истражна постапка поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.
Имајќи ги предвид дека за двете кривични дела се предвидени високи казни обвинителот оцени дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Исто така, постои опасност да влијае врз детето-жртва, но и да го повтори делото.
Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.