ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ НАБАВУВА 5 ТОВАРНИ ЛОКОМОТИВИ Николоски најавува набавка и на нови возови

Министерот за транспорт и врски најави дека градскиот воз ќе профункционира од 1 септември.

1

МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку 5 нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси, изјави вицепремиерот Александар Николоски за Курир.

-Ова е еден од најзначајните проекти кои го работиме иако не е голем по обем. Прво многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје, второ ќе го смени системот на живот во приградските населби и трето ќе воведе една култура на помалку користење на возила и повеќе користење на воз и најважното ова се проекти кои ги имаат најголемите европски градови – рече Николоски.

Тој додаде дека на овој начин паметно се користи постојната инфраструктура бидејќи се надградува.

– Веќе сме во напредна фаза на линијата која оди од Зелениково-Драчево-Лисиче-Кисела Вода -Аердром до нова железничка Скопје. Би требало до крај на месец јуни да биде завршена за од 1 септември да функционира оваа линија. Паралелно на ова се работи на проектирање со Градежниот факултет и втората половина од оваа година да објавиме тендер и за останатите две линии и тоа од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје Север до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка преку Автокоманда- Маџари и завршува во Илинден – рече Николоски.

Тој, како што рече, очекува проектот да завршени до крајот на 2027 или почеток на 2028 година.

-Ако на ова додадеме дека оваа есен Скопје ќе добие 100 електрични автобуси тоа ќе значи многу во намалување на загадувањето во градот- рече Николоски.

Поврзани содржини