Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски сподели видео на Фејсбук од велосипедската патека на улицата СРУ5.
„По асфалтирањето на улицата СРУ 5, се пристапи кон нејзино бележење. Јавното претпријатие Паркинзи работи на поставување и бележење на хоризонталната и вертикалната сигнализација врз основа на одобрен сообраќаен проект за траен режим за оваа улица. Како што веќе информиравме „СРУ 5“ има и велосипедска патека“, напиша Коњановски.
Видеото можете да го видите на следниот ЛИНК.