ПЛАТИТЕ НЕМА ДА СЕ КРАТАТ, СИНДИКАТОТ ГИ ШТИТИ НЕРАБОТНИЦИТЕ Културните работници 4 години земаат плата незаконски и одбиваат нов договор

Секој колективен договор има рок на траење. Овој имал две години, веќе четири години е истечен. Што е суштината? Дека треба да потпишеме нов - вели Љутков.

0

Протестите на Синдикатот на културните работници имаат за цел да ги штитат неработниците, вели министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во интервју за порталот Курир.

– Едно нешто се договаравме во кабинетот, а пред медиумите излегуваше нешто сосема друго. Нивната тенденција не е да се разберат со Министерството, туку да се штитат неработниците во културата – вели Љутков додавајќи дека и самиот бил дел од синдикалното делување на СКРМ.

– Јас барам законски да потпишеме нов колективен договор во кој ќе се уредат правата на вработените во културата јасно, прецизно, точно. Од другата страна нема слух. За разлика од СОНК, каде што веќе имаат и конкретни предлози. Самите признаа дека во 2024, март, кога сме земале плата по двата колективни договора, тоа било незаконско постапување. Кога ги прашав зошто тогаш не тужевте, зошто не поднесовте жалби против министерот за незаконско постапување, велат затоа што ја добивме платата која ја баравме. Тоа значи дека ние сега добиваме плата незаконска и велиме дека тоа е во ред, бидејќи е малку поголема од очекуваното, тогаш не тужиме. А сега кога добиваме законска плата ама не таква каква што сакале, тоа е незаконски и ќе тужиме. Мислам дека тоа не е фер. Секој колективен договор има рок на траење. Овој имал две години, веќе четири години е истечен. Што е суштината? Дека треба да потпишеме нов – вели Љутков.

Тој е дециден дека платите нема да се скратат.

– Никој не вели дека платите ќе се скратат или дека некој ќе го изгуби правото на плата. Тоа е сосема обратна реторика од таа на раководството на Синдикатот кој ги буцка вработените во културата дека доаѓа министер кој ќе им ги скрати платите. На никого не му се крати платата и ова најодговорно го тврдам – рече Љутков.

 

Поврзани содржини