📽️ ПЕТОЧАСОВЕН МАРАТОН И ХАОС НА КРАЈОТ Меншик со количка изнесен од теренот по последниот поен

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик по речиси пет часа игра го совлада Маријано Навоне, но по драматичната победа колабираше на теренот и заврши во инвалидска количка.

0

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик обезбеди пласман во второто коло на Ролан Гарос по неверојатен маратонски дуел против Аргентинецот Маријано Навоне, но победата беше засенета од драматичен крај на натпреварот во Париз.

Меншик славеше по речиси пет часа игра со 6-3, 2-6, 6-4, 1-6, 7-6, но веднаш по последниот поен се сруши на теренот поради тешки грчеви и целосна исцрпеност.






Мечот беше исполнет со пресврти, а двајцата тенисери имаа свои доминантни периоди, особено во решавачкиот петти сет, кој донесе вистинска тениска драма.

Навоне пропушти дури девет меч-топки, додека Меншик при негатива 5-4 во петтиот сет успеа да се врати во игра и да остане во натпреварот. Победникот на крајот беше одлучен во супер тај-брејк до 10 поени.

Во самата завршница Меншик имаше сериозни проблеми со грчеви и едвај се движеше, но и покрај тоа успеа да ја реализира седмата меч-топка и да го добие натпреварот.

По победничкиот удар, Чехот падна на земја и веднаш стана јасно дека е целосно исцрпен. Тој сигнализираше дека не може да стане, по што на теренот реагираа лекарите, а пристигна и итна помош.

Ситуацијата изгледаше сериозно, па беше донесена и инвалидска количка. Меншик по кратко време успеа сам да се исправи и да го напушти теренот, но веднаш по излегувањето беше сместен во количка и однесен кон соблекувалната.

 

Поврзани содржини