КАПИТЕНОТ НЕМА ДА НАСТАПИ ПРОТИВ БИХ И ТУРЦИЈА Барди отпадна од националниот тим поради повреда

Енис Барди поради повреда го пропушта настапот за Македонија на контролките против БиХ и Турција, соопшти ФФМ пред подготовките за Лигата на нации.

1

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти двата претстојни контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција.

„Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот“, соопшти вечерва ФФМ.






Македонските фудбалери во петок гостуваат во Сараево кај Босна и Херцеговина, а на 1 јуни во Истанбул ќе играат против Турција.

Овие два контролни натпревари против селекции кои ќе настапат на претстојното Светско првенство ќе бидат дел од подготовките на избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски за настапот во Б-дивизијата на Лигата на нации оваа есен.

Поврзани содржини