КИЕВ СО НОВИ БАРАЊА ДО СОЈУЗНИЦИТЕ Зеленски притиска за „Патриот“ системите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за зајакнување на противвоздушната одбрана и забрзување на евроинтеграциите на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен за зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина.
– Европа има релевантни капацитети, а за тоа посебно разговаравме во рамките на нашата соработка со ЕУ врз основа на Договорот за дронови – објави Зеленски на платформата „Икс“, додавајќи дека и неколку држави се подготвени да се приклучат на договорот.
Зеленски посочи дека со фон дер Лајен разговарал и за желбата на Украина да стане членка на Европската унија.
– Целосно сме подготвени да отвориме шест поглавја од преговорите и планираме да го отвориме првото веќе во јуни. Подеднакво е важно првата транша од европската програма за помош да се исплати што е можно поскоро – наведе Зеленски.
Тој претходно испратил писмо до американскиот претседател Donald Trump и до Конгресот, во кое побарал противвоздушни системи „Патриот“ и пресретнувачки ракети, истакнувајќи дека балистичките ракети се „главната предност на Москва на бојното поле“.
– Ве молам да помогнете во заштитата на украинското небо од руските ракети. Веќе предложивме Украина да купи одреден број системи „Патриот“ и пресретнувачки ракети што ни се потребни – се наведува во писмото на Зеленски.