ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ НЕМА ДА ГО КОНТРОЛИРА НИКОЈ Трамп најавува „отворен коридор“ без контрола

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен за сите и дека САД не размислуваат за олеснување на санкциите кон Иран.

0

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека без оглед каков и да е договорот со Иран, Ормускиот Теснец ќе биде отворен за сите и нема да биде контролиран од ниту една држава.

– Ќе ја набљудуваме, но никој нема да ја контролира. Тоа е дел од преговорите што ги водам – истакна Трамп.






Тој додаде дека САД не размислуваат за ублажување на санкциите кон Иран.

Ормускиот теснец е една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и гас, па секое политичко или воено влијание врз регионот редовно предизвикува глобални реакции.

Поврзани содржини