ПЕНЗИИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 12,6 ПАТИ СПОРЕДЕНО СО ВРЕМЕТО НА СДСМ Бројките покажуваат 6.800 наспроти 540 денари за првите 2 години власт

Премиерот ги спореди првите две години од мандатите на актуелната и претходната влада. Според неговата пресметка, просечната старосна пензија сега пораснала за над 6.800 денари, наспроти околу 540 денари во времето на СДСМ и ДУИ.

0

6.800 денари наспроти 540 денари, односно за 12,6 пати повеќе пораснале пензиите во првите две години од актуелната влада, споредено со владат на СДСМ и ДУИ, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Тоа што го направивме ние за овие 25-26 месеци е повеќе отколку што тие го направија за седум години додека беа влада – изјави  Мицкоски на граничниот премин Табановце, каде беше промовирана новата опрема од ЕУ за Царината.






Премиерот ја направи споредбата одговарајќи на прашање за повлекувањето на линеарното зголемување. Пресметувањето на пензиите во иднина треба повторно да се прави во согласност со законот.

– Не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од она што беше во времето на СДСМ и ДУИ – рече Мицкоски.

Мицкоски ја обвини опозицијата за лицемерство околу пензиската политика. Тој се осврна и на оспорувањето на линеарното зголемување пред Уставниот суд.

Според премиерот, од една страна се оспоруваат владините одлуки, а од друга се упатуваат критики за пензиите. Тој го критикуваше претходниот модел на СДСМ и ДУИ за усогласување, познат како швајцарски модел.

Швајцарскиот модел го врзува усогласувањето на пензиите со движењето на платите и трошоците за живот, односно инфлацијата, наместо на сите пензионери да им носи исто линеарно зголемување.

Поврзани содржини