ПАРТИЈАТА ДЕСНА БИЛА ЗАГРИЖЕНА ДЕКА ЌЕ СЕ СМЕНЕЛО ИМЕТО НА МПЦ?! Обвинетиот Боре Видевски тврди дека дал изјави под присила

Обвинетиот Боре Видевски тврди дека собирањето во Велес било со цел да се утврдат партиски активности поврзани со наводната промена на името на МПЦ.

2,171

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски денеска продолжи со сведочење на обвинетиот Боре Видевски. Него го испрашуваше прво неговиот бранител Бојан Манев.

– Со Велибор се знам одамна, од извидници во Велес. Една вечер ми се јави за да дадам потпис за поддршка за формирање на партијата Десна. Палевски го запознав во седиштето на партијата Десна во Опера хаус. Познанството е на партиска основа. И Кешишев го знам од партијата, на почетокот немав контакт со него. После дознав дека работи како домаќин и готвач – рече Боре.






Тој рече дека на 21 ноември бил на работа, прва смена од 7 до 15 часот. Тој ден вечерта имал слава свети архангел Михаил и бил дома. Сите други денови, рече дека бил на работа.

– Во досегашниот тек на предметот беа покажани снимки кои наводно се однесуваат на делото кое ви се става на товар. Од кога се тие снимки, кога се собирате во куќата на Велибор и за која намена се тие средби и разговори? – праша адвокатот Бојан Манев.

– Ќе почнам поопширно. Партијата Десна зазеде некои ставови кои јас ги поддржувам. Под одредени сознанија на претседателот на партијата, Љупчо Палевски, сметавме дека има некаква опасност да се смени името на МПЦ-ОА, во Црква на Северна Македонија. Се заземаа ставови. Првично се креираше една декарација за тоа прашање. Ние, членовите, имавме задача да ги собираме тие декларации од целата држава. Целта беше да се соберат најмалку 150.000 декларации, после да се направат митинзи, повеќе литии низ градовите во Македонија во тамошните цркви. Планот беше првата литија да се направи во Велес и затоа подготовките почнаа во Велес. Претпоставувам дека тоа што сме го гледале на видеата е една од таквите подготовки – рече Видевски.

Тој вели дека на 25 и 26 ноевмри 2023 година бил во Велес, а вечерта на 26 ноември Велибор Манев му се јавил да одат во Скопје на состанок.

– Велибор ме зеде со колата, тргнавме во Скопје, стигнавме во Десна. Мислам дека имаше поткаст и затоа и подоцна отидовме. Таму беа и Кристијн Плотников и Ѓорѓи Џолев. Разговаравме до доцна. Имавме многу работи за разговарање. Бидејќи партијата е новоформирана имаше потреба да се најдат простории за одредени активности, а дискутиравме и за останати работи на политички план. Останавме да преноќиме. Спиевме кој каде најде место. Утредента отидовме во Велес – рече Видевски.

Боре рече дека на 3 декември 2023 година бил приведен од неговиот дом.

– Ги прашав за што се работи, бидејќи ги познавам. Рекоа дека ќе ми кажат во Скопје. Потоа ми ставија лисици и ме префрлија во Скопје. Им реков дека немам адвокат. Ми направија претсрес, но не најдоа ништо. Не очекував што ќе се случи. Еден од инспекторите ме фати за рака, ме повлече, ме соборија и почнаа да ме удираат и да зборуваат за случајот. Како удираа, така зборуваа. И за едното и за другото убиство. Ми посочуваа податоци а после ме прашуваа зошто сум го направил тоа. Им се придружи уште еден човек. Ми рекоа, зборувај. Од почетокот им зборував дека не знам ништо, бидејќи не знаев ништо. Господата уште посилно удираа. Едниот беше толку испровоциран што се фатив за стомакот, за да го заштитам трансплантираниот бубрег. Поточно, не знаев каде да се бранам, затоа што удираа секаде, само по главата не ме удираа. Ме влечеа и во друга канцеларија, и при тоа ме удираа во ѕид – рече Боре.

Тој рече дека му покажувале слики од мобилни телефони на кои била и Вања.

– На една слика се гледаше лев дел од шофершајбна и странично десно стакло од врата. Се гледаше како седи човек, рака, дел од рамо и некаква тегет адидас тренерка со траки. Ми рекоа „еве си ти на сликата“. На крајот го постигнаа тоа што го сакаа, да добијат изјава каде јас изгледам како да сум виновен, ја направија изјавата и ме натераа да ја потпишам – рече Боре. Тој рече дека бил прашан дали го познава таткото на девојчето и дека тој не го познавал, но дека бил принуден да каже дека го познава.

– Се појави човек со дрвена палка во раката, удираше по мене и ме натера да кажам дека го познавам човекот. Буквално ми рече „Ќе те убијам ако не кажеш“. Потоа, ме вратија во келија. По кратко време ме однесоа во Јавно обвинителство. И таму дадов таква изјава, затоа што бев под огромен страв. Ме прашаа дали имам повреди, реков дека не сум повреден. Оттука ме однесоа во притвор – рече Боре.

Тој вели дека било побарано од него да напише изјава дека сите лузни и модрици му се од тепањето во полициска станица во Скопје.

– Другиот ден ме однесоа во друга просторија, ми рекоа да ги соблечам горните алишта и почнаа да ме тепаат. Следниот ден ме удираа по местото каде што немам ребро, кое ми е отстрането поради трансплантацијата. Им го научив распоредот. Пред мене беше Кешишев, кога го тепаа слушав како вика и знаев дека јас сум на ред. Влезе полицаецот и ме удираше со палка по нозете додека не почнав да викам да престане – рече Боре и додава дека бил тепан во келијата.

– Ни облекоа некакви комбинезони и нѐ однесоа во судот. Таму зборував исто како и во ЈО. Нагласувам дека тоа не е моја изјава, ни првата, ни втората, бидејќи се направени под принуда. После суд се вративме во притвор, ме ставија да стојам со дланките кон ѕидот, ме удираа по грбот и по нозете. Ме соборија на земја со раце и ме шутираа. На враќање кон келијата ми ја удрија главата од вратата, како по грешка, а вратата е железна. После се пожалив дека имам болки во бубрегот, го кажав мојот медицински проблем и од тој ден не ме допреа. Но оттогаш, до ден денес имам психички малтретирања од навреди и закани – рече Боре.

Боре рече дека на 22.11.2023 станал рано за на работа, дека работел во ЈКП Дервен како комерцијалист и дека после работа си отишол дома.

Подетално раскажете за 26 вечерта и на 27 ноември, што правевте? – рече адвокатот.

– Велибор ме зеде со колата, 21.30 или 22 часот и тргнавме за Скопје. Стигнавме 22.30 или 23 часот. Се задржавме многу бидејќи еден од разговорите беше наоѓање просторија за конгресот на партијата. Имаше потешкотии со наоѓање простор. Со тоа бевме соочени за време на првите два конгреса кои се одржаа, едниот во селото Бразда, во една црква, а другиот во август во манастирот Трескавец, затоа што никој не сакаше да ни изнајми простор. Причината најверојатно беше политичка. Се разговараше за собраните декларации, дали уште да се соберат и за планираните трибини во врска со хидроцентралата Чебрен. Моравме непланирано да останеме да преноќиме, барем јас не планирав. Беше доцна, легнавме. Јас легнав во просторијата каде што седевме, на едно душече, Велибор и Влатко спиеја во кујната, а Палевски на спратот. Утредента поседовме малку и си отидов – рече Боре.

Тој додаде дека го возел „рено кангу“, при преселба на партијата, а дека комуникацијата со Палевски одела преку Велибор Манев и преку Телеграм.

Според обвинението, Боре учествувал во грабнувањето на Вања така што ја фатил за устата кога излегла од лифтот, ѝ рекол да не вика инаку ќе пука, заедно со Манев ја врзале и ја ставиле во вреќа за спиење. Ја изнеле од зградата и ја ставиле во гепекот од „цитроенот“. На булеварот Партизански одреди Боре со чекан го искршил телефонот на Вања. Негови ДНК траги биле најдени во „рено кангу“.

КУПИЛЕ СПРЕЈ WD-40 ЗА ДА БРИШАТ ТРАГИ ВО КУЌАТА НА ПАНЧЕ Манев не забележал дека Палчо носел пиштол

Поврзани содржини