ПАДНАА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ОД 10% ЗА СИТЕ ПРОИЗВОДИ Американски Врховен суд нареди да се вратат платените износи

Во пресудата се наведува дека администрацијата се повикала на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, но судиите утврдиле дека аргументацијата за воведување царини не е доволна.

162

Американскиот суд за меѓународна трговија пресуди дека администрацијата на Доналд Трамп нема законско оправдување за воведување царини од 10% за сите стоки. Ова е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година.

Во пресудата се наведува дека администрацијата се повикала на член 122 од Законот за трговија од 1974 година, но судиите утврдиле дека аргументацијата за воведување царини не е доволна.

-Претседателскиот проглас за воведување царини не ги наведува „големите и сериозни дефицити во платниот биланс на САД“ на начинот на кој Конгресот го замислил тој израз“, образложи судот.

Инаку, член 122 му дозволува на претседателот да воведува царини до 15% за сите увози без одобрение од Конгресот доколку се исполнети одредени услови.

Пресудата ѝ наредува на администрацијата да престане да собира царински давачки од тужителите во оваа постапка и да ги врати веќе платените износи.

Иако пресудата влијае само на компаниите што поднеле тужба, таа претставува значаен удар за администрацијата на Трамп и нејзината способност да воведува царини.

Царините би можеле да останат на сила за сите други увозници до јули.

Администрацијата сè уште има царински давачки поврзани со одредени индустрии на располагање и веќе го започна процесот на воведување низа нови давачки на национално ниво. Се очекува администрацијата да поднесе жалба на пресуда.

Врховниот суд во февруари пресуди дека широк спектар на царини на Трамп се нелегални. Како одговор, Трамп воведе нови глобални царини, повикувајќи се на претходно нетестирани законски овластувања од Законот за трговија од 1974 година.

 

Поврзани содржини