ЈОВАНА, ЛУКА И ЈАКОВ, ГОТВАЧИ ЗА СВОЈА ДУША Децата не спијат од возбуда кога треба да готват во кујната на Амигос
Секој вторник, кујната на скопскиот ресторан „Амигос“ е место на среќата за учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје. Таму доаѓаат благодарение на својот наставник, шеф Александар Пановски Пуцко, но пред сè, благодарение на сопствениците на ресторанот кој широкоградо им ја даваат оваа можност
Со денови откако ќе им соопштат дека се на ред да одат на практична настава во ресторанот „Амигос – Железничка“, учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“, ниту можат да спијат, ниту, што се вели, можат да јадат и да пијат.
„Во рамки на практичната настава надвор од училиштето, секој вторник, од октомври минатата година (2024), по тројца ученици доаѓаат во ресторанот Амигос-Железничка кадешто со помош на шефот прават пици, омлет и палачинки. Децата не спијат од возбуда од оној момент кога ќе им кажеме дека се на ред да дојдат тука“, вели наставникот Александар Пановски-Пуцко, професионалец и во двете професии – во кулинарството и во образованието.
„Ја имам таа привилегија во исто време да ги извршувам двете работи што најмногу ме исполнуваат – да готвам и да работам со една прекрасна категорија дечиња, кои му се радуваат на животот како никој друг и за кои е само малку потребно за денот да им биде посебен, како од приказните“, вели нашиот соговорник.
Целиот текст и фотографиите побарајте ги на порталот „Мајка и дете“.