ОТСТРАНЕТИ 13,5 КИЛОГРАМИ ВИСОКО ЗБОГАТЕН УРАНИУМ ОД ВЕНЕЦУЕЛА Сложена операција на САД и на Велика Британија

Материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина.

0

Oд истражувачи реактор во Каракас, Венецуела, се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум, објави Министерството за енергетика на САД.

Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка меѓу САД, Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“. Материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина.

Националната администрација за нуклеарна безбедност на САД соопшти дека операцијата е спроведена безбедно и под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

МААЕ потврди дека материјалот е транспортиран по копно и море во сложена логистичка операција.

Поврзани содржини