ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗОШТО БРЕД ПИТ СЕ СОГЛАСИЛ НА СПОГОДБЕН РАЗВОД ОД АНЏЕЛИНА Голема улога во тоа има неговата девојка Инес

По осумгодишна правна битка, Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за развод.

3,952

По осумгодишна правна битка, Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за развод.

Извори за американските медиуми ја откриле причината поради која актерот конечно се согласил на спогодбен развод на бракот.






Имено, Бред Пит планира да се ожени со својата девојка Инес де Рамон во 2025 година.

Извори за „Дејли мејл“ изјавија дека Инес сака да има деца со него и дека го убедила да го финализира разводот со Анџелина.

Бред и Инес се во врска речиси две години и живеат заедно. Тој ја запознал со своите блиски пријатели, меѓу кои и со Џорџ Клуни.

– Му олесна што конечно може да продолжи понатаму и повторно да се ожени. Тој сакаше да го реши разводот многу порано, но тој верува дека Анџелина одолговлекуваше. Таа ќе каже дека се борела за она што е најдобро за семејството. Без оглед на вистината, нему сега му е многу полесно“, рекол изворот.

Изворот исто така додал дека актерот се надева дека наскоро ќе го подобри односот со своите деца, но дека е свесен за фактот дека тоа бара многу труд.

Да потсетиме, според адвокатскиот тим на актерката, Џоли и Пит вчера го финализирале разводот, објави „Еј-би-си њуз“.

„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата ги напуштија сите заеднички недвижности“, изјавил адвокатот на актерката Џејмс Сајмон за магазинот „Пипл“, додавајќи дека ова е само еден дел од долгиот процес кој траеше осум години.

Адвокатот на Пит одбил да дава коментари.

Џоли поднесе барање за развод на 19 септември 2016 година, неколку дена по приватниот лет во текот на кој тврдеше дека Пит бил насилен кон неа и нивните шест деца.

 

Поврзани содржини