🎥 ОГРОМЕН ПОЖАР ВО МОСКВА Гори познат туристички комплекс, огнот голта сѐ пред себе

Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната, а нема ниту официјални податоци за евентуални жртви.

424

Голем пожар избувна во текот на ноќта спроти 13 мај во туристички комплекс во Москва, објавија руски канали на Телеграм.

Според достапните информации, огнот зафатил повеќе од 3.000 квадратни метри во комплексот „Измајловски Кремљ“ во источниот дел на Москва, културно-забавен центар изграден во стилот на традиционалната руска архитектура.






Локални жители тврдат дека дел од зградата, во која се наоѓала собата за засолнување во итни случаи, се урнал откако целосно бил проголтан од пожарот.

Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната, а нема ниту официјални податоци за евентуални жртви.

Пожарот, кој засега не се поврзува директно со украинските воени операции, доаѓа во период на засилена загриженост во руската престолнина по неодамнешните украински напади врз подрачјето на Москва.

Поврзани содржини