📷 ОДБОЈКАРИТЕ ЗАМИНАА ЗА СОФИЈА, В СРЕДА УДИРААТ НА БУГАРИЈА Миленкоски поведе и четворица дебитанти во тимот
Македонските одбојкари заминаа за Софија, а првиот предизвик е домаќинот Бугарија. Селекторот Јошко Миленкоски поведе и четворица дебитанти. Репрезентативците беа испратени со традиционалното истурање вода.
Македонската одбојкарска репрезентација замина за Софија, каде од 9 до 16 септември ќе настапи на Европското првенство.
Првиот двобој е веќе в среда. Македонија ќе игра против домаќинот Бугарија, а одбојкарите ќе имаат два дена за приспособување и за последните подготовки.
Репрезентативците ги испратија со традиционалното истурање вода. Обичајот треба да им донесе среќа и добар настап пред патувањето за Софија.
Селекторот Јошко Миленкоски поведе 14 одбојкари. Четворица од нив првпат ќе настапат на континентален собир во националниот дрес.

Дебитанти се техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев и либерото Филип Јованов.
Останатите десетмина веќе имаат искуство од големи натпреварувања во македонскиот дрес.
Македонија ќе игра во групата Б. Покрај Бугарија, противници ќе ѝ бидат Полска, Украина, Португалија и Израел.