ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ВРЕДИ Е ЗА ГРАЃАНИТЕ Заедничкиот интерес е над партискиот

Вреди произлезе од потребата да се обединат енергијата, капацитетот и политичката волја на Албанците околу заедничка визија за иднината, соопшти партијата.

0

Со години Албанците во Македонија слушаа ветувања за обединување, многумина зборуваа, но малкумина беа подготвени заедничкиот интерес да го стават пред партискиот, соопшти Вреди.

„Токму затоа Вреди не се појави од потребата за уште еден политички субјект. Вреди произлезе од потребата да се обединат енергијата, капацитетот и политичката волја на Албанците околу заедничка визија за иднината. За првпат, 5 политички субјекти одлучија да ги надминат меѓусебните разлики и да изградат заеднички политички проект. Не за да создадат уште една поделба, туку за да изградат поголема политичка сила“, соопшти Вреди.






Ова обединување, додава партијата, е изградено врз довербата на граѓаните во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Струга, Дебар и на секое место каде што Албанците бараат достоинство, развој и правична застапеност.

„Вреди е модерна десноцентристичка политичка опција, заснована врз вредностите на семејството, трудот, одговорноста, меритократијата и економскиот развој. Веруваме дека политиката треба да ги обединува луѓето околу идеи и резултати, а не околу поделби и конфликти. Во време кога многумина инвестираа во поделби, ние го избравме обединувањето. Во време кога теснопартиските интереси честопати беа ставани пред интересот на граѓаните, ние го избравме заедничкиот интерес. Затоа што на Албанците не им требаше уште една партија. Им требаше поголема сила. Им требаше Вреди“, соопшти партијата.

Поврзани содржини