НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ Еве што поскапи, а што поевтини
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Цените на дизелот и мазутот од полноќ се намалуваат, а на бензините се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, за 0,50 денари по литар се намалува цената на дизелот и ќе изнесува 68 денари.
Цената на бензинот од типот „еуросупер-95“ се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе чини 75 денари, а цена на бензинот „еуродизел-98“ се зголемува за 1 денар и ќе чини 77,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 ден/кг и сега ќе изнесува 40,755 денари килограм.