📷 НОВА „ЖЕШКА“ ХОЛИВУДСКА ДВОЈКА Џенифер Анистон го „улови“ славниот фраер, поголем и од Бред Пит
Дали Џенифер Анистон (56) пронајде нова љубов – и тоа во омилениот холивудски заводник на денешницата? Ако треба да судиме според ексклузивните папарацо фотографии на кои ги гледаме пред ресторанот по вечерата, можеме да претпоставиме дека холивудската миленичка е повторно во романса.
Дали Џенифер Анистон (56) пронајде нова љубов – и тоа во омилениот холивудски заводник на денешницата? Ако треба да судиме според ексклузивните папарацо фотографии на кои ги гледаме пред ресторанот по вечерата, можеме да претпоставиме дека холивудската миленичка е повторно во романса.
Џенифер Анистон и Педро Паскал предизвикаа вистинска лавина од коментари откако беа видени заедно на вечера во Западен Холивуд. Џенифер и Пабло го напуштиле луксузниот објект „Сансет тауер хотел“ по тричасовната вечера и изгледале многу блиски и опуштени во текот на разговорот кој го продолжиле пред ресторанот.
View this post on Instagram
Актерката блескала во елегантна, а мошне едноставна комбинација – носела темни фармерки, бела маичка и црн елек, додека нејзината препознатлива руса коса била совршено стилизирана. Лежерно бил облечен и Педро Паскал, ѕвездата на филмот „Гладијатор 2“, кој за оваа прилика облекол вистинска машка класика – сини фармерки и црна јакна, а во еден момент од разговорот ставил дури и очила и го надополнил својот фраерски стил.
Нивната средба веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Воодушевените обожаватели пишуваа коментари како: „Џенифер Анистон и Педро Паскал… Го сакам ова и го поддржувам!“, „Дали сонувам или Џенифер и Педро вечераа заедно!? Ова мора да биде реално!“
Некои отидоа чекор понатаму и велеа дека нивната врска ќе биде вистинско „космичко чудо“, додека други шпекулираа дека можеби станува збор за деловна вечера.
View this post on Instagram
Шпекулациите ги подгрева фактот што омилената „пријателка“ и нејзината колешка Рис Витерспун неодамна го поканија Педро да им се придружи во претстојната сезона на популарната серија „Утринско шоу“.
Во текот на едно интервју на доделувањето на наградите Избор на критичарите (Critics Choice), Џенифер директно му го поставила прашањето: „Дали сакаш да глумиш во серијата?“, на што Педро со насмевка одговорил: „Ако спијам со сите во серијата – се согласувам!“
Инаку, серијата неодамна го заврши снимањето на четвртата сезона, а публиката веќе е нетрпелива да види кое ќе биде новото лице во следните епизоди.
„Врската“ протече во јавноста по венчавката на нејзиниот поранешен сопруг
Интересно е што сè се случува набргу откако беше откриено дека поранешниот сопруг на Анистон, Џастин Теру (53) тајно се ожени со својата 30-годишна девојка, што дополнително го насочи вниманието на медиумите кон љубовниот живот на познатата актерка.
Без разлика дали се работи за нова романса или деловна соработка, едно е сигурно – фановите ја обожаваат идејата на Џенифер Анистон и Педро Паскал во ист животен или филмски кадар.