НОВА АДРЕСА НА ДЕПОТО НА „ПАЈАКОТ“ НА ПОЦ Од понеделник возилата ќе се подигаат од оваа локација

Новата локација на депото, која се отвора во понеделник е до улица и мостот Беласица под Железничката станица.

1,354

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје отвора ново депо на пајак-службата.

Новата локација на депото, која се отвора во понеделник, е до улицата и мост Беласица под Железничката станица.






– Во новата локација нудиме подобри услови за лежарина на возилата и полесен и побрз пристап. Површината на депото изнесува 2.250 м2 и на истата се поставени нови куќарки за вработени и опслужување на корисниците. Изведена е водоводна и електрична мрежа за потребите на депото, потоа беше заградено со ограда, поставен е видео надзор на целата локација, обележана е сообраќајна сигнализација. Поставени се нови контролни рампи кои ќе бидат контролирани безжично. Со отворањето на новото депо, го подобруваме капацитетот и оперативната ефикасност на нашето претпријатие, што ќе овозможи побрзо реагирање и поголема флексибилност во нашето секојдневно работење- вели  Душко Коцевски, директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од 17 март (понеделник), сите возила кои ќе бидат подигнати од службата може да се преземат од новата

локација.

.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини