НИТУ ЕДНА ЦРКВА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ УКИНАТА Папата Франциск загрижен поради одлуката на Киев

Киев одлучи да ја забрани Украинската православна црква што е поврзана со Московската патријаршија.

508

Папата Франциск денеска изрази загриженост поради одлуката на Киев да ја забрани Украинската православна црква што е поврзана со Московската патријаршија.

– Ниту една христијанска црква не треба да биде укината директно или индиректно – рече Папата по тој повод.






Тој додаде дека продолжува болно да ја следи ситуацијата во Украина и Руската Федерација, а имајќи ги предвид законите што неодамна беа усвоени во Украина, чувствува загриженост за слободата на оние кои се молат, бидејќи, како што рече, тој што навистина се моли го прави тоа за сите.

Поврзани содржини