МОРБИДНИОТ ПРОФИЛ, БЛИЗОК НА СДСМ И ФИЛИПЧЕ, „ФАТИ ЏАДЕ“ Се самоукина „Цандо Големиот“ кој му посака смрт на Бетмен Велит

Анонимниот кретен кој сакаше сите да умрат, се ситеше на смртта на великиот Гоце Тодоровски и ми порача (си посака) дека јас сум следниот на листата… се деактивирал од твитер – објави Бетмен Велит.

0

Профилот „Цандо Големиот“ на мрежата Икс, поранешен Твитер, е згаснат по бурните реакции во јавноста за контроверзната објава со која му посака смрт на македонскиот блогер и водител Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит.

Профилот, кој е близок на врвот на СДСМ, според претходно објавените фотографии, во навредливата објава се ситеше на смртта на бардовите на македонското глумиште Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, а таква судбина му посака и на Илиевски.






„Двајца паднаа, уште еден останува“, напиша на англиски профилот, покрај фотографијата од тројцата од времето на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Информацијата за згаснување на профилот „Цандо Големиот“ ја објави самиот Илиевски на Фејсбук.

„Анонимниот кретен кој сакаше сите да умрат, се ситеше на смртта на великиот Гоце Тодоровски и ми порача (си посака) дека јас сум следниот на листата… се деактивирал од твитер. Кај анонимен, па и вуна фати, откако малку јавност му беше дадена“ – пишува Илиевски во пост со наслов „Лешперот се самоукина“.

По реакциите во јавноста, партијата ВМРО-ДПМНЕ побара надлежните институции веднаш да реагираат и да постапат согласно законите за да го истражат случајот и да го идентификуваат профилот и го повика СДСМ да се огради и да го осуди овој, како што го нарече, морбиден и опасен говор на омраза. 

Поврзани содржини