🎥 ЗАГИНА ГЛЕН ХАНСАРД, ДОБИТНИКОТ НА ОСКАР ЗА ПЕСНАТА „FALLING SLOWLY“ Музичкиот свет се простува од ирската легенда

Глен Хансард (56) стекна светска слава со филмот „Once“, а песната „Falling Slowly“, која ја создаде со чешката музичарка Маркета Ирглова, им донесе Оскар за најдобра оригинална песна во 2008 година.

0

Ирскиот музичар, актер и добитник на Оскар, Глен Хансард, загина во сообраќајна несреќа со мотор во близина на Даблин. Имаше 56 години.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага во Ирска и низ светот, а бројни јавни личности, музичари и политичари му оддадоа почит на уметникот кој остави длабока трага во современата музика.






Ирскиот премиер Михол Мартин изјави дека е длабоко потресен од загубата на талентираниот музичар и актер, кој со децении бил значаен дел од културниот живот на земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LADbible Ireland (@ladbibleireland)

Хансард ја започнал својата музичка кариера како тинејџер, свирејќи на улиците на родниот Даблин. Во 1990 година го основал рок-бендот „The Frames“, кој подоцна стана еден од најпознатите ирски музички состави.

Во текот на кариерата објави повеќе соло албуми, а голем успех постигна и како дел од дуото „The Swell Season“, кое го формираше со чешката музичарка Маркета Ирглова.

Светска слава стекна со филмот „Once“ од 2007 година, во кој тој и Ирглова ги толкуваа главните улоги. Приказната за уличен музичар и млада чешка имигрантка освои милиони гледачи ширум светот и покрај скромниот буџет со кој беше снимен.

Нивната песна „Falling Slowly“ ја освои наградата Оскар за најдобра оригинална песна во 2008 година и стана еден од најпознатите филмски музички хитови на својата генерација.

При примањето на престижната награда од рацете на Џон Траволта, видно изненадениот Хансард тогаш кратко изјави:

– Што воопшто правиме овде? Ова е неверојатно.

Филмот подоцна беше адаптиран во успешен бродвејски мјузикл, кој во 2012 година освои осум награди „Тони“.

Со смртта на Глен Хансард музичкиот свет загуби еден од своите најавтентични автори, а неговите песни ќе останат траен дел од музичкото наследство на Ирска и светот.

Поврзани содржини