НЕСТАБИЛНО И СВЕЖО ВРЕМЕ Попладне ќе има услови за краткотраен дожд

2

Територијата на Македонија останува под влијание на посвежа воздушна маса која се спушта од северозапад. Денеска  и утре  времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави на својот портал метеопрогнозерот Славчо Поповски.

И во делови од Скопската котлина во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини