НЕСКРОТЛИВ ШУМСКИ ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ЊУ ЏЕРСИ Евакуирани се околу 3.000 жители

Властите утринава ги укинаа наредбите за евакуација и повторно ги отворија патиштата, иако околу 25.000 домаќинства остануваат без електрична енергија поради безбедносни мерки за пожарникарите.

108

Пожарот во округот Оушн, јужен дел на Њу Џерси, предизвика евакуација на околу 3.000 жители и затворање на делови од главните автопатишта на сојузната држава, вклучувајќи ја сообраќајната артерија Garden State Parkway, јавуваат денеска дел од американските медиуми.

Огнот, што започна вчера во подрачјето на Greenwood Forest Wildlife Management Area, се прошири на над 3.400 хектари и синоќа беше само делумно ставен под контрола. Пожарот се приближи до објекти на затворената нуклеарна централа Oyster Creek, но не се пријавени повреди. Се вршат истраги за тоа како стихијата започнала.






Властите утринава ги укинаа наредбите за евакуација и повторно ги отворија патиштата, иако околу 25.000 домаќинства остануваат без електрична енергија поради безбедносни мерки за пожарникарите.

Ова е втор голем шумски пожар во регионот за помалку од една недела, што ги нагласува ризиците од пожари во екосистемот Пајн Баренс, особено во услови на суша и ниска влажност.

Поврзани содржини