НЕКА НЕ СЕ ПЛАШАТ, ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ВО РЕДОВНИОТ ТЕРМИН Мицкоски вели дека сега владата е фокусирана на реформи

Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи - но, она кое што ние сега го правиме е да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност, рече премиерот Мицкоски.

0

Во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори ќе се одржат пролетта 2028 година, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во средата во врска со вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори.

– Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027 година е опција – знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи – но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус, е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност, со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини