НЕ НИ ТРЕБА СВЕТСКА ВЛАДА, ТУКУ ПОВЕЌЕ ИМПЕРИИ ЗА РЕЗЕРВА Илон Маск предупредува за ризикот од глобална цивилизација
Сакаме да имаме одредена количина на цивилизациска различност, таква што ако нешто тргне наопаку со една цивилизација, целата работа да не пропадне, а човештвото да продолжи да оди напред, предупредува газдата на Твитер.
Секој обид да се создаде единствена светска влада е причина за загриженост, бидејќи може да го лиши човештвото од различноста и да го забрза крајот на цивилизацијата, изјави милијардерот Илон Маск на самитот на претставници од владите од светот во Дубаи, пишува БизнисИнсајдер.
– Сакаме да избегнеме создавање цивилизациски ризик со тоа што имаме, и ова може да изгледа чудно, премногу соработка меѓу владите – подвлече Маск.
– Историски гледано, различните цивилизации биле разделени со растојание, така што кога една чекореле кон опаѓање, останатите цивилизации можеле да се издигнат. Кога падна Антички Рим, исламот се издигна и успеа да зачува голем дел од римското знаење, па и да го надгради. Но, во глобализираниот свет ова можеби повеќе не е остварливо сценарио – додава милијардерот.
– Сакаме да имаме одредена количина на цивилизациска различност, таква што ако нешто тргне наопаку со една цивилизација, целата работа да не пропадне, а човештвото да продолжи да оди напред – предупредува газдата на Твитер.
Императивот за опстанок на човештвото може да биде од универзално значење, смета Маск, имајќи предвид дека, колку што знаеме, никаде на друго место во универзумот можеби нема друг вид кој развил свест.
– Не видов докази за вонземска технологија или каков било вонземски живот. Мислам дека би знаел. Со Спејс Икс правиме многу. Мислам дека никој не знае повеќе за вселената од мене, барем за вселенската технологија – тврди Маск.
Помислата дека нема вонземјани е „вознемирувачка“, додаде тој, бидејќи тоа значи дека човечката цивилизација „е како мала свеќа во огромна темнина и многу ранлива ситна свеќа која лесно може да се издува“.
Маск ја повика својата публика да води голема грижа за да избегне човештвото да биде збришено од некоја катаклизма. Бидејќи се работи за Светскиот владин самит на Обединетите Арапски Емирати Маск индиректно испрати порака до целиот свет.