НЕ ГО РАЗБИРАМ ОВА ШТО ГО НАПРАВИ Сиљановска Давкова за заминувањето на Таравари од власта

Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова, да не знаете навистина кој е ставот и зошто, е крајно невообичаено, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

1,062

Не го разбирам ова што го направи, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи го заминувањето на Арбен Таравари од Владата и оставката од функцијата министер за здравство.

– Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова, да не знаете навистина кој е ставот и зошто, е крајно невообичаено – рече претседателката во интервју на ТВ Телма.






Таа додаде дека била изненадена од таа одлука на лидерот на Алијанса за Албанците затоа што, како што рече, како министер зборувал „со занес за реформи“ во здравство и со „страст што е потребна“ за справувањето со предизвиците по несреќата во Кочани.

Поврзани содржини