НЕ ГИ ПЛАШИ НИТУ ЗАТВОРСКА КАЗНА И ОДЗЕМАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ Граѓаните лани изградиле 911 дивоградби

Најголем дел од дивоградбите се станбени и деловни објекти како и викендички.

0

И покрај тоа што бесправната градба е кривично дело кое се казнува со затвор од 3 до 8 години и одземање на дивоградбата, во земјава и натаму се гради без да се добие соодветна дозвола од надлежните институции.

Лани, според податоците на Државниот завод за статистика, објавени денеска, се регистрирани 911 бесправно изградени објекти (дивоградби).






Најмногу ги граделе приватни лица (96,1%) кои претежно граделе куќи, згради, викендички, но и  деловни објекти, гаражи, тераси и други помошни објекти.

Податоците покажуваат дека во овој период се изградени  169 објекти за домување или 18,6%. Во оваа категорија објекти спаѓаат куќи, станбено-деловни објекти и објекти за одмор и рекреација.

Дури 116 од дивоградбите регистрирани лани се деловни објекти, а 110 доградби се надградби и адаптации.

Лани без дозвола за градба се изградени  79 гаражи, 164 огради, 9 скалила, 6 тераси.  22 од дивоградбите се  летни тераси, а 113 натстрешници.

Без дозвола се изградени и  17 времени објекти и 106 помошни објекти.

1. Бесправно изградени објекти2025 година
Број
Вкупно објекти 911
Објекти за домување 169
    од тоа, исклучиво станбени 128
    од тоа, претежно станбени 24
    од тоа, за одмор и рекреација 17
Доградби, надградби и сл адаптации 110
Деловни објекти 116
Гаражи 79
Огради 164
Скалила 9
Тераси 6
Летни тераси 22
Настрешници 113
Времени објекти 17
Помошни објекти 106
Поврзани содржини