НАТО ЌЕ ГО ЗАСИЛИ СВОЕТО ВОЕНО ПРИСУСТВО ВО РЕОНОТ НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ Инцидентот со оштетувањето на каблите можеби е саботажа

Со цел да се задржи будноста, да се зголеми свесноста за ситуацијата и да се одвратат идни инциденти, Сојузниците, исто така, размислуваат и за други мерки за справување со потенцијалните закани за критичната подводна инфраструктура, вклучително и со поддршката на Поморскиот центар на НАТО за безбедност на критичната подморска инфраструктура, основан во мај оваа година, соопшти Алијансата.

300

Земјите членки на НАТО донесоа одлука за зајакнување на военото присуство на Алијансата во реонот на Балтичко Море.

Ваквата одлука е донесена на средбата на постојаните претставници на земјите членки при НАТО, посветена на безбедноста на критичната инфраструктура во Балтичкото Море, по оштетувањето на подморските кабли што ги поврзуваат Естонија и Финска на 25 декември.






Во соопштението од средбата се посочува дека сојузниците изразиле целосна солидарност со Естонија и со Финска во врска со овој случај, при што се потсетува дека оштетувањето на каблите, за кое истрага водат финските власти, е еден од бројните неодамнешни инциденти во Балтичкото Море кои се сметаат за можна саботажа.

„Со цел да се задржи будноста, да се зголеми свесноста за ситуацијата и да се одвратат идни инциденти, Сојузниците, исто така, размислуваат и за други мерки за справување со потенцијалните закани за критичната подводна инфраструктура, вклучително и со поддршката на Поморскиот центар на НАТО за безбедност на критичната подморска инфраструктура, основан во мај оваа година“, се додава во соопштението.

ЕСТОНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ ГО ШТИТИ ПОДВОДНИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ Финската полиција го чешла рускиот брод кој можеби го оштетил „Естлинк 2“

Поврзани содржини