ПОСТИГНТ ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ОЛЕШКИ, УКРАИНА Меланија Трамп потврди дека за посредувала меѓу Путин и Зеленски

Демократите ја обвинија Меланија Трамп дека си ги зема заслугите што му припаѓаат на папата, но и Русија и Украина ја потврдија нејзината улога во посредувањето во договорот.

0

Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, денес потврди дека за време на медијацијата за прекин на огнот за градот Олешки, разговарала со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Разговаравме и потпишавме договор – изјави Меланија Трамп во Палм Бич, по предвременото гласање за среднорочните избори, според „Њујорк пост“.






На прашањето дали ќе патува во Украина, таа рече дека ќе види, додека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека тоа може да се случи и дека неговата сопруга постигнува подобри резултати од неговите професионални претставници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

-Таа е поуспешна од нашите професионалци. Таа донесе прекин на огнот. Станува збор за деца и луѓе, за стари лица- рече Трамп.

Градот Олешки, во регионот Херсон, се наоѓа околу осум километри зад линијата на фронтот.

Меланија Трамп во петокот објави дека посредувала во локално прекин на огнот за тој град, за да се овозможи евакуација на населението и испорака на хуманитарна помош.

Демократите ја обвинија Меланија Трамп дека си ги зема заслугите што му припаѓаат на папата, но и Русија и Украина ја потврдија нејзината улога во посредувањето во договорот.

Поврзани содржини