НАПАДОТ СО ДРОН ВО ЛАЈПЦИГ Е ДРЖАВНО СПОНЗОРИРАН ТЕРОРИЗАМ Сериозни обвинувања кон Русија од ЕУ
Прашањето е што ќе преземеме во врска со тоа - изјави еврокомесарката Калас во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ во Ирска.
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека обидот за напад врз германскиот аеродром „Лајпциг-Хале“ за кој Германија ја обвини Русија, има карактеристики на „државно спонзориран тероризам“.
– Јасно е дека тоа ги има сите карактеристики на државно спонзориран тероризам. Прашањето е што ќе преземеме во врска со тоа – изјави Калас пред новинарите во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ во Ирска.
Германската Влада ја обвини Русија за обидот за напад врз аеродромот „Лајпциг-Хале“ на 4 август, кој бил изведен со дрон наполнет со експлозив, и најави затворање на рускиот конзулат во Бон.
Дронот бил пронајден во близина на украински авион, а експлозивната направа била деактивирана. Германските власти тогаш изјавија дека инцидентот претставува ново ниво на опасност.