НОВА САБОТАЖА ВРЗ ГЕРМАНСКАТА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА Полицијата истражува напад врз трафостаница
Портпаролот на полицијата изјави дека органите истражуваат намерен вандализам врз техничка инфраструктура. Снабдувањето со електрична енергија во регионот не е погодено.
Германија се соочи со втор обид за саботажа на електричната мрежа. Локалната полиција соопшти дека истражува напад врз трафостаница во западниот град Бергхајм, јавија германските медиуми.
Портпаролот на полицијата изјави дека органите за спроведување на законот истражуваат намерен вандализам врз техничка инфраструктура. Додаде дека снабдувањето со електрична енергија во регионот не е погодено. Тој не прецизираше каква штета е предизвикана.
Исто така, вчера беа оштетени далноводи во источната германска покраина Бранденбург.
Берлин синоќа ја обвини Русија за обид за напад со беспилотни летала врз украински товарен авион на аеродромот во Лајпциг минатиот месец и најави низа соодветни мерки.
Вчера во близина на термоелектраната Јеншвалде во германската покраина Бранденбург имаше обид за напад врз трансформаторска станица. Полицијата кај постројката во местото Турнов-Прајлак пронајде експлозивни направи, за кои соопшти дека се ракети опремени со експлозив.