ТАЈЛАНД ОД 15 СЕПТЕМВРИ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВЛА ЗА ТУРИСТИТЕ ОД 60 ЗЕМЈИ Еве за што станува збор

За две недели, тој рок за повеќе од 60 земји од таа листа, вклучувајќи ги и земјите од ЕУ, ќе биде скратен на 30 дена.

14

Од 15 септември, Тајланд ќе го скрати дозволениот престој без виза за патниците од Европската Унија од 60 на 30 дена. Со ова, оваа популарна туристичка дестинација ги потврди претходните најави за промена на правилата за влез во земјата.

Одлуката, која беше објавена од мај, вклучува туристи од повеќе од 60 земји и територии. Официјалната причина е низа сериозни кривични дела во кои учествувале странски државјани. Локалните медиуми објавија бројни апсења на странци за трговија со дрога и луѓе и водење нелегални бизниси, како што се хотели и училишта без потребните дозволи.






Досега, посетителите од повеќе од 90 земји, вклучувајќи 29 членки на Шенген зоната, можеа да останат во Тајланд до 60 дена без виза. За две недели, тој рок за повеќе од 60 земји од таа листа, вклучувајќи ги и земјите од ЕУ, ќе биде скратен на 30 дена.

Конзуларното одделение на Министерството за надворешни работи на Тајланд сè уште не донело одлука за статусот на патниците од преостанатите дваесет земји. Од друга страна, безвизниот престој за граѓаните на Перу, Бразил и Јужна Кореја ќе биде продолжен од сегашните 60 на 90 дена.

Македонските државјани можат да патуваат во Тајланд без виза за туристички и деловни престои до 60 дена.

Патниците на кои им се потребни повеќе од 30 дена сè уште имаат неколку опции. Посетителите кои влегуваат без виза ќе можат да побараат продолжување на престојот еднаш, а одлуката за ова ја донесува службеникот за имиграција.

Друга опција е визата „Дестинација Тајланд“ (DTV), која овозможува престој до 180 дена и може да се продолжи за дополнителни 180 дена. Услов за добивање DTV виза е доказ за средства на банкарска сметка во износ од најмалку 500.000 бати, што е околу 13.000 евра. Дигиталните номади кои работат од далечина мора да обезбедат и доказ за вработување надвор од Тајланд.

Овие промени доаѓаат во време кога туризмот во Тајланд, кој сочинува повеќе од 10% од БДП, но е далеку од пред пандемијата со ковид-19. Иако земјата е сè уште една од најпосетуваните на континентот, од почетокот на годината регистрирани се речиси 21 милион странски туристи. Ова е за 3% помалку отколку во истиот период минатата година, а бројките се сè уште под нивоата пред пандемијата.

Со новиот безвизен режим на Тајланд се опфатени  речиси сите најголеми туристички пазари, вклучувајќи ги сите 27 земји-членки на Европската Унија, САД, Велика Британија, Канада, Австралија, како и регионалните соседи како Сингапур и Малезија. Помеѓу овие 60 држави се:

Регион Земји кои се кратат на 30 дена престој
Европска Унија (ЕУ) Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Австрија, Белгија, Полска, Чешка, Унгарија, Холандија, Данска, Финска, Шведска и останатите членки.
Остаток од Европа Велика Британија, Украина, Исланд, Норвешка, Швајцарија, Грузија.
Америка & Океанија САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Фиџи.
Азија & Близок Исток Јапонија, Индија, Сингапур, Малезија, Индонезија, Тајван, Оман, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин, Кувајт, Турција, Јордан, Брунеи, Бутан, Малдиви, Киргистан.
Африка Јужна Африка.
Поврзани содржини