📽️ НА РАКЕТА, EБАТЕ! Одговорот на Зеленски кон руски новинар стана хит

0

Едно прашање за Москва и еден одговор со „ракета“ произведоа вирален момент на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Рускиот државен новинар Валентин Богданов неколкупати го праша украинскиот претседател Володимир Зеленски кога ќе дојде во Москва, а тој, откако прво продолжи да оди, се сврте и на руски му довикна: „На ракета, еби се“.

Снимката е направена на 23 септември, додека Зеленски со украинската делегација и обезбедувањето минувал покрај новинарите во седиштето на ОН.






– Владимир Александрович, кога во Москва? – упорно довикувал Богданов.

Зеленски прво не одговорил. Продолжил да оди, а потоа, веќе оддалечен неколку чекори, ја ставил раката пред устата и возвратил:

– На ракета, еби се.

Снимката брзо почна да се шири на социјалните мрежи и во медиумите. Богданов е шеф на њујоршкото биро на руската државна медиумска група ВГТРК и известува за „Русија-1“ и „Русија-24“.

 

Ракетата дојде среде разговори за примирје

Кратката размена доби дополнителна тежина бидејќи се случи токму во момент кога во Њујорк повторно се отвора прашањето за можни чекори кон прекин на војната.

Само еден ден претходно, на 22 септември, Зеленски се сретна со претседателот на САД Доналд Трамп. Разговарале за можен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, за воздушната одбрана на Украина и за можноста дипломатијата повторно да добие простор.

Зеленски по средбата изјави дека Киев е подготвен да престане да ја напаѓа руската енергетска инфраструктура доколку Москва возврати со ист чекор.

– Подготвени сме за енергетско примирје – рече Зеленски, нагласувајќи дека тоа мора да важи за двете страни.

Киев бара „Патриот“ пред зимата

Втората голема тема во разговорот со Трамп била украинската воздушна одбрана. Киев бара дополнителни ракети за системите „Патриот“, а Зеленски разговарал и за можноста Украина во иднина лиценцирано да произведува дел од нив.

Зеленски предупреди дека зимата повторно може да донесе силни руски напади врз украинската енергетска мрежа. Русија и Украина во последните недели ги засилија меѓусебните удари врз енергетски објекти, додека Киев сè почесто напаѓа руски рафинерии со беспилотни летала со долг дострел.

Поврзани содржини