НА 95 ГОДИНИ ПОЧИНА НАЈВОЗРАСНИОТ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР Јурак ќе биде запаметен како врвен професионалец

Тој беше напаѓач и стрелец на одлучувачки голови, а најубавиот гол го постигна во Битола, под Тумбекафе, кога со „макази“ ја погоди противничката мрежа.

270

Вчера во Битола по кратко боледување на 95 години почина Томислав Јурак, поранешен фудбалер на Пелистер, кој беше највозрасниот жив фудбалер во Битола и во Македонија.

Јурак во 1956 или 1958 година се приклучува на фудбалскиот клуб Работник кога се враќа од Белград. Тој беше напаѓач и стрелец на одлучувачки голови, а најубавиот гол го постигна во Битола, под Тумбекафе, кога со „макази“ ја погоди противничката мрежа. Во повеќе наврати бил и со стручните штабови како искусен фудбалер.






Погребот ќе се одржи во 14 часот во Буковските гробишта. Tелото ќе биде изложено од 12 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Битола.

Поврзани содржини