АДРИЈАН ГАЏА СЕ ПОФАЛИ СО СИНЧЕТО Пејачот стана татко во мај оваа година
Пејачот кој во мај годинава за првпат стана татко, сега на Инстаграм објави неколку фотографии со својот неколкумесечен син.
Познатиот поп-пејач и сопственик на ресторан, Адријан Гаџа, кој вообичаено го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста, овојпат не издржа – на својот профил на Инстаграм тој сподели три фотографии со своето синче.
На сите фотографии Адријан го држи во нежна прегратка својот син и не може да ги тргне очите од него, додека тој позира со љубопитен поглед насочен директно во камерата.
Неговите пријатели и фанови веднаш го преплавија профилот на пејачот со убави честитки и коментари.
View this post on Instagram
Адриан Гаџа стана татко на своето прво дете само три месеци откако се вери со својата избраничка и ја сподели веста со своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи емотивни фотографии на кој тогаш не се гледаше лицето на бебето, туку само неговото мало раче.
Покрај нив напиша: „Добредојде свету мој“.
View this post on Instagram