МОТА СИ ОДИ, ТУДОР ДОАЃА? Јувентус го менува тренерот

Според Романо, главен кандидат за замена на Мота е Игор Тудор, легенда на торинскиот клуб и поранешен тренер на Марсеј, Лацио и Удинезе.

141

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота може да добие отказ. Клубот продолжува активно да разговара за идниот тренер, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Според Романо, главен кандидат за замена на Мота е Игор Тудор, легенда на торинскиот клуб и поранешен тренер на Марсеј, Лацио и Удинезе.






Како играч, Тудор помина девет години во Јувентус (1998-2007), освојувајќи пет шампионски титули. Во 2020/21 година беше дел од стручниот штаб предводен од Андреа Пирло.

Јувентус е на 5. место во Серија А со 52 бода по 29 кола.

Поврзани содржини