МИНИСТЕРСТВАТА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗА ТРАНСПОРТ ЌЕ ДОБИЈАТ НАЈМНОГУ ПАРИ ОД РЕБАЛАНСИРАНИОТ БУЏЕТ Дмитриеска-Кочоска информира дека најголем дел од парите ќе бидат потрошени за инвестиции

Димитриеска -Кочоска информира и дека зголемување на расходите ќе има и за плати ставка која е зголемена за 1,1 милијарда денари.

114

Министрствата за животна средина и за транспорт и врски ќе добијат најмногу пари за капитални расходи со ребалансот на буџетот за годинава. Пари ќе добие и државната изборна комисија, но и министерствата за образование и за здравство.

Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска образложувајќи ги проекциите од ребалансираниот буџет кои денеска се прифатени од Владата.






-Министерството за животна средина ќе добие 2,3 милијарди денари за капитални расходи од кои 1 милијарда денари се пари од сметката на Министерството од кредити и од други приходи. Транспорт ќе добие 1,4 милијарди денари бидејќи поради силната реализација на проектите ова Министерство веќе нема пари на сметката за капитални расходи. Пари ќе добие и Министството за образование во износ од 426 милиони денари како и Државната изборна комисија која побара повеќе ,а доби 200 милиони денари дополнителни средства за инвестиции за обнова на инвентар и опрема. Дополнителни средства ќе добијат и други институции но во помал износ – рече Димитриеса Кочоска.

Таа појасни дека за разлика од Буџетот со ребалансот расходниот дел од буџетот се зголемува за околу 179 милиони евра од кои за капитални инвестиции има дополнителни 100 милиони евра.

Димитриеска –Кочоска појасни и дека нема да се зголеми процентот на буџетскиот дефицит во БДП и тој ќе остане 4,1%, а дел од парите ги добиваат државните институции со ребалнсираниот буџет се добиени од  нивните сметки создадени од  очекуваните донации и како резултат на неданочни приходи каде што според проценките на министерката се чуваат повеќе од 10 милиони денари.

– Особено значајно е што со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции. Капиталните расходи достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари или за 14,5 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Не зборуваме за дефицит кој финансира тековна потрошувачка, туку за дефицит кој финансира развој – рече Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска информира и дека зголемување на расходите ќе има и за плати ставка која е зголемена за 1,1 милијарда денари.

Со овој ребаланс вкупните приходите остануваат во рамки на проектираното односно се ревидираат од  374,9 милијарди денари на 379,2 милијарди денари. Вкупните расходи се ревидираат на 425,2 милијарди денари,

-Дополнителните средства се насочуваат кон јасно утврдени приоритети – обезбедување средства за земјоделски субвенции, поддршка на железничкиот сообраќај, спортот, студентскиот и ученичкиот стандард, како и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку социјалните надоместоци, народните кујни и мерките за деинституционализација- рече Димитриеска -Кочоска.

Дефицитот се зголемува од 39,2 милијарди денари на 46,1 милијарда денари. За првпат, како што рече министерката, зголемувањето на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата.

Буџетскиот дефицит и обврските за отплата на долг во вкупен износ од 76,4 милијарди денари ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. Притоа, над 54 милијарди денари се наменети за редовно сервисирање на обврските кон странските кредитори, а околу 20 милијарди денари за отплата на домашниот долг.

Поврзани содржини