🎥 СКОКНА ОД СТАРИОТ МОСТ, ПА ИСЧЕЗНА ВО НЕРЕТВА Драматично спасување во Мостар
На видеото се гледа дека на брегот има десетици набљудувачи, кои го придружиле скокот со аплауз, но само за неколку секунди, почнува викање и паника.
Драматично видео од Мостар се шири на социјалните мрежи — млад човек скокна од Стариот мост и исчезна во студената Неретва.
На видеото се гледа дека на брегот има десетици набљудувачи, кои го придружиле скокот со аплауз, но само за неколку секунди, почнува викање и паника.
Двајца мажи веднаш скокнаа во водата, а другите повикаа спасувачи со чамец.
– Ене го, ене го. Фатете го – извикале сите едногласно кога го виделе скокачот.
Спасувачите кратко потоа го извлекоа човекот.
Неговиот идентитетот не е познат, а се претпоставува дека е турист од странство.
View this post on Instagram