МЕЛБУРН ОДДАВА ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ Зградата на Владата во боите на македонското знаме
Во знак на сочувство и солидарност со семејствата на 59 загинати во Кочани, зградата на Владата на државата Викторија е осветлена во боите на македонското знаме.
Во Мелбурн, Австралија, денеска се оддаде почит на жртвите во трагедијата во Кочани.
Во знак на сочувство и солидарност со семејствата на 59 загинати во Кочани, зградата на Владата на државата Викторија е осветлена во боите на македонското знаме.
Во Викторија живее бројна македонска заедница во Австралија, која брои над од 40 илјади Македонци.