МАЖ ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА, ТАА ПРЕТХОДНО ЈА НАПАДНАЛА ВРАБОТЕНАТА Драма во охридски дуќан
Маж ја нападнал сопругата откако таа ја нападнала вработената, вчера во Охрид.
Како што соопшти полицијата, на 01.08.2026 во 10:45 часот, лишен е од слобода 48-годишен маж од Охрид затоа што во деловно-продажна просторија од куќата физички ја нападнал неговата сопруга, која пак претходно физички ја нападнала вработената во објектот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.