СДСМ СИ ЛОВИ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ Кризата во Гостивар ја претвори во игранка
Потребата на СДСМ да дојде на власт е толку голема што повторно и во опозиција им излегува во пресрет на ДУИ и на Арбен Таравари и го заобиколува градоначалникот Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM како и секогаш, така и сега, одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си соберe некој поен плус, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, никако од СДСМ да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДСМ се подготвени да измислат сè и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност. И подготвени се на секое решение да му најдат проблем“, се вели во соопштението.
Инаку, се додава, гостиварци секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до Обвинителството.
„Моментот не е СДСМ да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажува и да го користат токму овој период, за да добие политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штити нивниот кадар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа што ако не беше нивни кадар уште веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации, додава партијата.
„Но, потребата на СДСМ да дојде на власт е толку голема што повторно и во опозиција им излегува во пресрет на ДУИ и на Арбен Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар. СДС, ДУИ и Таравари се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.