МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ЗОРТ ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО ИРАН Веќе недостигаат контрастни средства, а ќе нема шприцеви, ракавици, епрувети…

Резерви има за најмногу два месеца, а доколку состојбата во Иран продолжи, ќе се прават прерапределби меѓу болниците.

250

Македонските болници би можеле да се соочат со недостиг на шприцеви, епрувети, ракавици и материјали за снимање, поради воената криза во Иран. Најкритична е состојбата со контрастните средства што се користат за компјутерска томографија и магнетна резонанца, објави ТВ Алфа.

Залихите се сведени на минимум, а од Клиничката Болница Штип апелираат до матичните лекари и специјалистите да упатуваат на снимање само итни случаи. Според најавите, нови количини од добавувачот се очекуваат на 21 мај.

– Станува збор за контрастни средства кои се користат при снимање со компјутерски томограф и магнетна резонанца. Залихите ни се на долна граница, а ниту добавувачите немаат резерви, бидејќи производителот не работи со капацитетот со кој работел претходно – изјави Владко Захариев, директор на Клиничка болница – Штип.

Поради намаленото производство, се очекува недостигот да биде глобален. Во однос на шприцевите, епруветите и латекс производите, од болницата велат дека засега располагаат со резерви за најмногу два месеца. Доколку состојбата во Иран продолжи, ќе се прават прерапределби меѓу болниците.

Поврзани содржини