ЗАКАНИТЕ ОД БУЈАР ОСМАНИ СЕ ДЕЛ ОД ФОЛКЛОРОТ ШТО ЌЕ СЛЕДУВА Законот за правична застапеност наскоро ќе биде усвоен

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Ницкоски по изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

120

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

– Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон што е одобрен од страна на Венециската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор што ќе го слушаме во периодот што следува. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собранието и очекувам што побргу да се усвои – рече Мицкоски.

Поврзани содржини