МАКЕДОНИЈА Е ВО ТОП 30 ЗЕМЈИ ЗА САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТ Новата законска рамка носи цел систем за превенција и заштита

Со новите решенија се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведуваат обврски за пријавување безбедносни инциденти и се зајакнуваат механизмите за заштита на суштинските и важните субјекти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

4

Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, што претставува значаен напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање од 2023 година, кога земјата се наоѓаше на 59 место.

Со освоени 84,17 поени, Македонија денес е меѓу 30-те најдобро рангирани земји од вкупно 155 држави опфатени со индексот, кој го изработува естонската Академија за е-управување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Во прилог нивното соопштение:

„Овој резултат е потврда дека Македонија се движи во вистинска насока и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен, организиран и системски пристап кон сајбер-безбедноста.

Еден од клучните чекори во тој процес е воспоставувањето нова законска рамка, со која јасно се дефинираат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи.

Со новите решенија се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведуваат обврски за пријавување безбедносни инциденти и се зајакнуваат механизмите за заштита на суштинските и важните субјекти.

Тоа значи дека сајбер-безбедноста повеќе не се третира само како проблем на кој се реагира откако ќе се случи инцидент. Наместо тоа, се гради систем со јасно утврдени одговорности, правила и механизми за превенција, навремена реакција и заштита.

За граѓаните, ваквиот пристап значи побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на личните податоци и поголема отпорност на клучната инфраструктура од која зависи нормалното функционирање на државата.

Затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира конкретно и системски во сајбер-безбедноста, преку современа законска рамка, јасно дефинирани надлежности и механизми што ќе обезбедат долгорочна заштита.

Токму напредокот од 29 позиции и пласманот на 30 место во светот претставуваат значајна потврда дека Македонија прави сериозни чекори напред во оваа област.

Ова е резултат кој покажува дека политиките и реформите даваат резултати, но воедно претставува и обврска да продолжиме уште посериозно, посветено и одговорно во градењето на безбедна и отпорна дигитална држава“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини