КРИСТИ БРИНКЛИ ЈА ЗБУНИ ЈАВНОСТА СО МЛАДОЛИКИОТ ИЗГЛЕД Фановите на 72-годишната манекенка ја помешаа со нејзината 28-годишна ќерка Сејлор

72-годишната легендарна манекенка објави нови фотографии на Инстаграм, а дел од нејзините следбеници признале дека на прв поглед помислиле оти ја гледаат нејзината 28-годишна ќерка Сејлор Бринкли-Кук.

88

Кристи Бринкли повторно предизвика воодушевување на социјалните мрежи со својот младолик изглед. 72-годишната легендарна манекенка објави нови фотографии на Инстаграм, а дел од нејзините следбеници признале дека на прв поглед помислиле оти ја гледаат нејзината 28-годишна ќерка Сејлор Бринкли-Кук.

Бринкли позира пред ретро црвен пикап „Ford F-100“, облечена во темносин топ со ѕвонести ракави, кој открива едно рамо, и кратки панталони украсени со сребрени копчиња. Изданието го надополнила со модни додатоци во беж нијанси, а фотографиите веднаш предизвикаа бројни комплименти од нејзините 1,7 милиони следбеници.






– На момент помислив дека си ти твојата ќерка; Те молам, Боже, дозволи ми да стареам како Кристи Бринкли – беа дел од реакциите под објавата. На фотографиите реагира и самата Сејлор, која исто така се занимава со манекенство, оставајќи едноставен коментар: „Hot“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christie Brinkley (@christiebrinkley)

Сејлор е најмладото дете на Кристи, која ја добила во бракот со архитектот Питер Кук. Манекенката ја има и 40-годишната ќерка Алекса Реј Џоел, која ја добила со музичарот Били Џоел, како и 31-годишен син, Џек Бринкли-Кук. Сејлор тргнала по стапките на мајка си и изградила сопствена манекенска кариера.

Познатата манекенка неодамна напиша и за својот однос кон стареењето, велејќи дека годините ѝ донеле чувство на слобода, а не оптоварување. Таа отворено зборува и за естетските третмани, признавајќи дека користела ботокс на челото и се подложувала на ласерски третмани.

И покрај тоа што има 72 години, Бринкли не планира да забави со професионалните ангажмани. Покрај водењето на сопствената модна компанија „Tower Hill“, наскоро треба повторно да се појави пред камерите во семејната комедија „American Summer“. Судејќи според реакциите на нејзините последни фотографии, изгледа дека и понатаму успева да го привлече вниманието со својот препознатлив изглед.

Поврзани содржини