МУ ГО ПОЗАЈМИЛ АВТОМОБИЛОТ, А ТОЈ ГО ПРОДАЛ Кривична пријава за двајца тетовци
Автомобилот наводно бил задржан со образложение дека има дефект, но полицијата се сомнева дека бил продаден на друго лице.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 29-годишниот А.К. и 56-годишниот Б.С., двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „измама“.
Според пријавеното, случајот се случил во септември 2025 година, кога А.С. од Тетово му го позајмил своето патничко возило на првопријавениот А.К.
Наместо да му го врати возилото на сопственикот, А.К. наводно го известил дека автомобилот има дефект и поради тоа не може да му го врати. Сепак, според сомнежите на полицијата, возилото не било задржано поради дефект, туку било продадено на второпријавениот Б.С.
СВР Тетово соопшти дека по преземените мерки и утврдените сознанија против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава.