ЧЕТИРИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА КАЈ КОЗЈАК Тешко повреден 18-годишник, уште шест лица со полесни повреди

Во несреќата учествувале четири возила, а повредените се пренесени во скопските клиники.

66

Осумнаесетгодишник се здобил со тешки телесни повреди, а уште шест лица се повредени во сообраќајна несреќа во близина на ХЕЦ „Козјак“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила вчера околу 16 часот на регионалниот пат кон ХЕЦ „Козјак“, во атарот на скопското село Варвара. Во неа учествувале четири возила – „фолксваген голф“, „сеат“, товарен „мерцедес“ и „форд“.






Со „голфот“ управувал 19-годишниот Е.Џ. од селото Црн Врв, со „сеатот“ 31-годишниот Д.А. од Батинци, товарниот „мерцедес“ го управувал 63-годишниот Ш.С. од Малчиште, додека зад воланот на „фордот“ бил 47-годишниот Н.Л. од Скопје.

Во несреќата тешко бил повреден 18-годишниот Б.Р. од Батинци, кој бил сопатник во „голфот“.

Телесни повреди се здобиле и четворицата возачи, како и уште двајца сопатници – 30-годишниот Б.О. од скопското село Палиград и С.Л. од Скопје.

Повредените биле пренесени и медицински згрижени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини