Кошаркарската федерација одлучи: Купот ќе се вика „Благоја Георгиевски-Буштур“
Куп натпреварите кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на федерацијата, да се именува како 'КУП Благоја Георгиевски – Буштур‘ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации“, стои во соопштението на КФСМ.
Управниот одбор при Кошаркарската федерација на Македонија, на седницата која ја одржа минатата недела во Скопје одлучи да го преименува Куп натпреварувањето во „КУП Благоја Георгиевски – Буштур“.
„Куп натпреварите кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на федерацијата, да се именува како ‘КУП Благоја Георгиевски – Буштур‘ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации“, стои во соопштението на КФСМ.
Одборот исто така одлучи целиот добиен износ од продажба на влезните билети од натпреварот Македонија – Естонија кој се одигра на 20.02.2020 година, во А1 Арената „Борис Трајковски“ да се донира во добротворни цели. Средствата ќе се распределат согласно со поединечни потреби-барања, односно со посебна одлука на генералниот секретар на КФСМ, а по утврдување на основ за реализација на донациите од страна на федерацијата.